megjashi

Categories:

Дали живееме во мир? Почеток на кампањата ,,Поттикни МИР“

Дали живееме во мир? Почеток на кампањата ,,Поттикни МИР“

Програма за мировно образование 

Прва детска амбасада во светот  МЕЃАШИ

Дали живееме во мир? Што е мир за секој/а од нас? Како го препознаваме? Чија одговорност е мирот? Како да градиме подобро општество за сите?  Како да ги решаваме конфликтите без насилство? Како може да се поттикне мирот? Што може секој/а од нас да направи?

Глобалната пандемија ги изнесе на виделина и одново ги нагласи проблемите со кои се соочува човештвото, а донесе и сосема нови предизвици и проблеми. Чувствувајќи се затечени и преплавени со глобално лошата состојба, на сите нас повеќе од било кога ни е потребно заедничко дејствување, конструктивност, акција и добри дела за да ја подобриме состојбата барем делумно и да се охрабруваме да градиме заедничка подобра иднина .

Ви ја претставуваме кампањата Поттикни МИР  со желба заедно да дискутираме и размислуваме за прашања поврзани со мирот но и да поттикнеме заеднички и индивидуални акции кои би придонеле кон градењето мир. Мирот не е само отсуство на војна, ниту моментна состојба туку константен процес кој директно зависи и од нашите акции. 

Целта на кампањата е да поттикнеме активности кои ќе ги промовираат вредностите како што се:  еднаквоста, одговорноста, дијалогот, ненасилството, емпатијата, социјалната правда итн., односно ангажирајќи се на овие полиња, секој/а да даде свој придонес кон градењето мир и општествената промена.

Во таа насока, оваа кампања се фокусира на човековите вредности и преземање  акција,  поттикнување промена на локално и индивидуално ниво. Сите ние имаме општествена одговорност да го градиме и одржуваме мирот,  затоа ајде  секојдневно:

-              Да поттикнуваме емпатија, разбирање и солидарност, да се залагаме за родова еднаквост, да градиме заедничко живеење, да комуницираме и да слушаме повеќе, да ги учиме новите генерации да не се плашат да дискутираат за работите кои им се нејасни или непознати, постојано да  промовираме ненасилство... 

-              Да поттикнуваме разговор за овие теми, со нашите блиски или со некој што не го знаеме, разговор со некој помлад или повозрасен итн., да дејствуваме, сами или здружени. 

-              Да поттикнуваме разговори за овие теми меѓу родителите и децата, наставниците и учениците. Наместо навредување, критикување, казни и закани, на децата им се потребни родители и наставници од кои ќе можат да учат за човековите вредности и кои ќе им овозможат атмосфера на љубов, меѓусебно прифаќање, доверба, сигурност, почитување, поддршка. 

Повеќе од јасно е дека светот и секој човек, на едно поинтимно, индивидуално ниво има потреба од дела на добрина а уште повеќе од заедничка акција и пред се комуникација!

              ПОТТИКНИ МИР! 

Повеќе информации за кампањата

„Дали живееме во мир?“ - М-р Драги Змијанац, претседател и основач на Првата детска амбасада во светот Меѓаши

 „За кампањата Поттикни МИР“- Фатмире Ајдари, членка на тимот на  Првата детска амбасада во светот Меѓаши

„Важноста на Мировното образование денес“ - Ана Битољану, членка на тимот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши

Прашања од новинари https://www.facebook.com/megjashi/videos/258369216025897

Error

Anonymous comments are disabled in this journal

default userpic

Your IP address will be recorded